Полицијата застрела маж кој со нож рани петмина во трговски центар во САД

Полициските службеници смртно застрелале маж, кој ранил пет лица во напад со нож во трговскиот џентар во градот Хант-Валеј во американската сојузна држава Мериленд, соопшти полицијата во саботата.

„Полицијата потвдува дека пет лица се здобиле убодни рани кои не се опасни по животот од осомничен, тие се пренесени во локалните болници. Полицијата влегла во престрелка, осомничениот е мртво“, се наведува во објавата на Twitter на полицискиот оддел на округот Балтимор.

Идентитетот на осомничениот и мотивите за нападот засега не се соопштуваат.

Телевизијата CBS пренесува дека инцидентот се случил околу 14 часот по локално време, 21 часот по македонскио време. Инцидентот започнал во продавница за алкохол во локалниот трговски центар која осомничениот се заканувал со нож, барал пари а потора прободел четири лица. Потоа побегнал и прободеп уште едно лице. Според очевидци, интервенирале седум полицајци, а осомничениот одбивал да комуницира со нив, по што се слушнале меѓу три и шест истрели од огнено оружје.