
По неколкудневните препукувања преку социјалните мрежи меѓу новинарката Јорданка Ивановска – Јоци со колегата Томислав Кежаровски и неговата сопруга, синоќа според фејсбук-статусот на Иваноска резултирал си вербален напад од Кежаровски пред куќата на нејзината пријателка во скопската населба Лисиче, каде што како што објави претходно во неделата била на роденден.
J’Accuse…!
Во име на вистината и во интерес на јавноста ја објавувам оваа снимка од вчера. Бидејќи, Кежаровски, за да го оправдаат насилството од вчера врз мене, ја втурнаа во прикаската и нивната ќерка, која искрено не знам ни како изгледа на овие години.
На снимката е улицата Мите Богоевски во населба Лисиче. На оваа улица не живеат Кежаровски. Во еден момент, може да видите дека расправијата и не личи баш на расправија.
На крајот, и покрај се’, јас се паркирам и влегувам во куќата на другарка ми.За сите наводи, јавни закани, изнесени лаги од сите членови на семејството, ќе бидат поднесени пријави во полиција и кривична за закана.
Нека си донесат писмени или други докази за лажните тврдења. А, немаат.
Јас за нив имам.Немам намера повеќе никого да толерирам кој ја загрозува мојата безбедност, ме вознемирува на јавна површина, навредува јавно, ми препишува дијагнози, напаѓа и очекува да помине неказнето.
Потекнувам од пристојна, ситуирана и едуцирана фамилија, исто и моите пријатели.
И ова е недозволиво !“, пишува во постот од неделата вечерта Ивановска.
Кежаровски во телефонски разговор за релевизијата Канал 5 не негирал дека се случил ваков настан и рекол дека секогаш ќе реагира доколку „некој на било кој начин ги навреди неговите сопруга и дете“.
Меѓутоа, како и што објави претходно самата Ивановска, се постави прашањето од каде Кежаровски знаел во колку часот и каде ќе дојде новинарката. На прашањето на Канал 5 за ова тој кусо одговорил дека нема коментар.
Видеото може да го погледнете ТУКА.