
Најмалку пет лица се повредени во пожарот што ја зафати железничката станица Харамаин во саудискиот приморски град Џеда, соопшти денеска Службата за цивилна заштита на Саудиска Арабија.
Како што е објавено на Твитер, петмина од повредените се префрлени во болница, а неколку лица примиле помош на местото на настанот.
Железничката станица Харамаин беше отворена во септември минатата година, чини 6,7 милијарди евра и долга е 450 километри. Таа ги поврзува двете најсвети исламски места Мека и Медина со Џеда на Црвеното море.
https://www.youtube.com/watch?v=V5i0pr01rQo