
Прекин на водоснабдувањето денеска од девет часот за корисниците од село Усје во општина Кисела Вода најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Причина за прекинот е интервенција на два улични дефекта Ф-150 мм. на улица 1 и улица 5 во село Усје.
Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот од страна на екипите на АД „Водовод“.