На УКИМ денеска почнува меѓународната научна конференција за руската култура

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е организатор на II Меѓународната научна конференција „Рускиот јазик, литература и култура: минато, сегашност и иднина“.

Конференцијата ќе се одржи од 30 септември до 2 октомври 2019 година, и на неа ќе земат учество еминентни научници од повеќе земји во светот.

На отворањето на конференцијата се најавени обраќања на ректорот на УКИМ Н. Јанкуловски, амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија С.А. Баздникин, проректорот за наука на УКИМ В. Петрушевски и директорот на „Рускиот центар“ при УКИМ В. Стојковски.

На конференцијата ќе бидат презентирани трудови и реферати кои се однесуват на рускиот јазик, руската литература, како теми посветени на преводот и на методиката на предавање руски јазик.
Централна тема на Конференцијата ќе бидат Александар Сергеевич Пушкин и Николај Васиљевич Гогољ, а поводот е 220 години од нивното раѓање.

Отворањето на Конференцијата ќе се одржи во понеделникот точно напладне во Рускиот центар при УКИМ.