Вилма Русковска 10 дена ја следела Катица Јанева пред да биде уапсена

Околу десет дена, пред да биде уапсена и приведена, Катица Јанева била физички следена по налог на Вилма Рускоска, објави „Алсат“. Обвинителството за организиран криминал има службени белешки, со кого Јанева остварувала средби, каде одела и дали евентуално додела била следена, се сретнала и со останатите осомничени во „Рекет“. Боки 13 и Зоран Кичеец физички биле следени повеќе од еден месец. Адвокатите одбегнаа да ги коментираат доказите од посебни истражни мерки кои ги видоа денеска. Во среда ќе се сретнат со Катица Јанева за да им даде насоки како да ја водат обраната за неа.

 „За жал од многу брзање, обвинителството има побарано вештачења кои не се завршени и сè уште се во тек, а задолжително треба да ги видиме и да ни бидат дадени. Се плашиме дека тие може да ни бидат во многу кус период пред подигање обвинение дадени како докази и можност да ги видиме, а то би било не така добро за одбраната, зашто во градење на одбраната треба да ги имате видено сите докази“, рече Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева.

И денеска, адвокатите потсетија дека не им е овозможен увид во сите списи за „Рекет“.

„Еве засега сè уште не ни се предадени исказите на другите осомничени за кои сметаме дека е обврска на обвинителството да ги направи“, вели Кадиев.

Адвокатот Александар Новаковски за Алсат во петокот рече дека неговите клиент Зоран Милевски – Кичеец ќе одлучи дали неговиот исказ пред Вилма Рускоска ќе го сподели со Боки 13 и Катица Јанева. Неговиот став е дека одбраната не мора да биде идентична за сите осомничени, а Обвинителството за организиран криминал не открива дали некој од нив пробал се спогодил или е во фаза на спогодба.

За рекетирањето на бизнисменот Орце Камчев, осомничени се Боки 13, Зоран Кичеец и Катица Јанева. Истрагата е завршена – адвокатите ги гледаат доказите. Кичеец е во куќен притвор, а Боки 13 и Јанева се во Шутка и очекуваат судовите да одлучат по нивните жалби да излезат од притвор.

 

 

Ова се дел од доказите кои денеска им биле дадени на увид на Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, адвокати на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески викан Зоки Кичеец од полицијата биле следени еден месец пред да бидат уапсени, а Катица Јанева пак била под Посебни истражни мерки десет дена пред да биде уапсена на 21 август. Ова се дел од доказите кои денеска им биле дадени на увид на Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, адвокати на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Во „Рекет“, предмет отворен во јули годинава, осомничени и притворен е Бојан Јовановски-Боки 13, на второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец затворскиот притвор му беше заменет за домашен, додека барањето на третоосомничената Јанева да биде префрлена во домашен притвор од Кривичен беше одбиено.