
Јас сум подготвен за лидерска средба, ако има напредок на работните групи кои се усогласуваат за новиот Закон за јавно обвинителство, рече денеска премиерот Зоран Заев.
„Дадов изјава и од Њујорк и ако има потреба и ако се стигне на разговорите до такво ниво и јас сум подготвен. Добро е што се гарантира иднината на предметите, обвинителите имаат континуитет, иднина. Секако подобро да има иднина отколку преку закон таа иднина да се дерогира. Испраќам порака до преговарачите од власта и опозицијата да најдат начин. Јас сум подготвен верувам и Мицкоски е подготвен, рече Заев.