
Потрошувачката на алкохолот во Русија, чиишто жители се општо прифатени како големи љубители на водката, во периодот од 2003 до 2016 година се намалила за 43 отсто, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објавен во вторникот.
„Руската Федерација веќе долго се смета за една од земјите во кои луѓето пијат повеќе од каде и да е на светот… Но последните години тие трендови се обратни“, се вели во извештајот, со напомена дека алкохолот значително придонел за бројот на починатите во деведесеттите години од минатиот век и демографската криза која следеше по распадот на Советскиот сојуз.
Авторите на извештајот велат дека намалувањето на консумирањето на алкохолот продонело за зголемувањето на очекуваното на траењето на животниот век кој во 2018 година во Русија достигна рекордно ниво – 78 години за жените и 68 години за мажите. На почетокот од 1990-те години животниот век за мажите изнесувал само 57 години.
Последниот советски водач Михаил Горбечев се обиде да ја намали потрошувачката со алкохолот со покренување кампања против алкохолизмот и забрана за продавање и точење во одредени периоди од денот. Делумно тоа се обиде да го реализара со забраната на продажбата на алкохолни пијалаци кон средината на 1980-те, но по падот на СССР во 1991 година, слично како и во САД во 1920-те во времето на прохибицијата, експлодираше криминалното шверцување, фалсификување и тргување со алкохоли, па и консумацијата која растеше до почетокот на 2000-те години.
Во периодот на власта на Владимир Путин, подучена од споменатото искуство, Русија постепено воведуваше ограничувања, како што е забраната за продажба на алкохолни пијалаци со најмногу промили во продавниците по 23 часот. Исто така, во насока на истите напори и малопродажната цена на алкохолот постепено но сега веќе драстично е зголемена, додека рекламирањето е забрането.
Според претходните извештаи на СЗО, возрасните лица во Русија сега просечно консумираат помалку алкохол, отколку возрасните лица во Франција и Германија.
Русија покрена и масивна кампања против пушењето, забранувајќи го на многу јавни места, вклучително и во многу паркови. Од 1-ви октомври дури и на блаконот од сопствениот стан.
Во периодот меѓу 2009 и 2016 година, потрошувачката на тутин се намалила, за повеќе од 20 отсто, а според најновото Глобално истражување за бројот на пушачите меѓу возрасните лица, денес во Русија пуши само окулу 30 отсто од населението.