
На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Ане Лашкоска.
Таа кажа дека оваа власт воопшто не се интересира за реализација на капитални инвестиции и дека со овој ребаланс на буџетот владата крати проекти кои биле предвидени за водоснабдување и одведување на отпадните води.
Исто така Ане Лашкоска потенцираше дека со ваквиот однос и со неспроведување на овие проекти владата неправедно ги казнува граѓаните.