
Актуланта влада предводена од СДСМ, воопшто не покажува интерес за реализација на капитални инвестиции, рече на денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ане Лашкоска.
Опозицискаа пратеничка кажа дека оваа власт воопшто не се интересира за реализацијата на капитални инвестиции, како и дека со сегашниот ребаланс на Буџетот, Владата всушност крати проекти кои биле предвидени за водоснабдување и одведување на отпадните води.
Лашкоска, исто така, потенцираше дека со ваквиот однос и со неспроведување на овие проекти владата неправедно ги казнува граѓаните.