
Во знак на револт поради ниските плати, вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, кои се членови на Независниот синдикат на полицијата, со стотина возила денеска блокираа дел од улиците во Скопје.
Пред владата ечеше познатата песна од Бајага, „пада влада“ но и македонската химна. Полицајците бараат зголемување на платите за 25 проценти.