
Силно невреме проследено со ветер во попладневните часови денеска го зафати Загреб, а одделни делови од градот се поплавени.
Невремето претходно погоди поголем дел од Хрватска, на морето кај Истра биле забележани дури 20.000 громови, а во северна Далмација над 2.000 громови, пренесува порталот Индекс.хр
Во Стариград и Пакленица наврнале скоро 50 литри дожд на квадратен метар, а во некои делови од земјата имало и бура. Обилни врнежи го зафатиле и Задар и околината. Посебно силна бура имало во Ровињ, а во Водњан улиците се поплавиле.
Невреме во Хрватска се очекува и утре, посебно на Јадранот.
https://www.facebook.com/istramet/videos/386293888708442/?t=0