
Белградски Партизан освои три значајни бодови на гостувањето од Лига Европа кај Астана во Казахстан, победувајќи со 2:1.
Српскиот тим сега има четири бода после две кола. Во следното коло на 24 октомври, Партизан е домаќин на Манчестер јунајтед.
На денешното гостување во еден од најстудените главни градови на светот, победата на „црно-белите“ им ја донесе Африканец. Нигериецот Умар Садик ги постигна двата гола со кои Партизан поведе со 2:0, а домашните само го ублажија поразот во финишот на средбата. Садик даде и трети гол, но тој му беше поништен.