
Иницијативата „Автокоманда сака да дише“ денеска ќе организира предупредувачкиот протест против, како што велат, поради континуираното загадување на воздухот во Општина Гази Баба.
Протестот ќе се одржи денеска со почеток во 18 часот на плоштад „Коцка” (веднаш до Полициската станица). На протестот треба да се придружи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.
Иницијативата „Автокоманда сака да дише” е формирана како резултат на перманентните жалби на граѓаните од загадениот воздух и од негрижата на надлежните институции за заштита на животната средина.