
Маж со нож нападнал полициски службеници во полициска станица во француската престолнина Париз, и притоа бил смртно застрелан, пренесуваат во четвртокот француските медиуми.
Според телевизијата BFMTV, повикувајќи се на свои извори, јавува дека напаѓачот бил вооружен со керамички ноќ и ранил пет лица во зградата на париската префектура на полицијата. Овој објект инаку се наоѓа недалеку од катедралата Нотр-Дам.
Според телевизијата, напаѓачот бил убиен. Претставник на полицискиот синдикат рекол дека еден од полицајцитенајверојатно бил смртно ранет во нападот.
Според непотврдени информации, застреланиот напаѓач, исто така, работел во полициската станица.
Во кусиот прилог на BFMTV се наведува дека во нападот кој се случил околу 13 часот по локално време во префектурата на полицијата на Ил де ла Сите, во четвртиот арондисман на Париз, едне од присутните полицајци го неутрализирал напаѓачот со пиштол, а друг го застрелал.
Покрај, тоа една случајна жртва, исто така, е сериозно повредена, се додава во извештајот. На местото на нападот бил испратен тим со кучиња трагачи за истражување на локацијата.
Јавниот обвинител на Париз, кој инаку е задолжен и за терористичките напади во Франција, како и министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, се очекува да пристигнат на местото. Квартот е блокиран од полициски визила и бројни улични препреки. Персоналот на полициската станица е евакуирана. Од безбедносни причини, затворена е блиската станица на подземната железница.