
Братот на Валентино Роси, Лука Марини, победи на трката во Тајланд во Мото2 конкуренцијата со тимот на Калекс.
Италијанецот го презеде водството пред да се преполови трката и забележа втора последователна победа во Тајланд за тимот на „Докторот“.
Успехот на младиот пилот е прв по Малезија во 2018 година.
Марини успеа да напредува и за една позиција во генералниот пласман, каде сега е шести.
Алекс Маркез, кој заврши на петтото место денес, останува лидер.
Битката за второто место на „Бурирам“ ја спечали Бред Биндер со КТМ.