
Добрите вести за почеток на преговорите со Европската унија и за членството во НАТО е силна порака за младите во нашата земја, вели премиерот Зоран Заев во видео пораката што ја објави на неговиот ФБ профил и додава дека Северна Македонија се менува кон подобро – овде може да се живее добро, а развојот ќе биде побрз само ако младите се ангажирани, тука во својата земја,
-Верувам дека добрата вест од Брисел позитивно ќе влијае врз целиот регион, ќе биде испратена пораката дека Западен Балкан е интегрален дел од Европа, ќе биде награден напредокот на реформите и решавањето на тешките проблеми, вели Заев и додава дека тоа ќе ги охрабри и другите земји во регионот да покажат храброст во решавањето на тешките прашања.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/472328646699595/