
Денеска од 09 часот заради градежни активности патот кој води кон населеното место Теферич ќе биде целосно затворен за сообраќај, информира Општина Кисела Вода.
На улицата во должина од 200 метри ќе се санираат оштетените делови. Поради ова, во период од еден месец сообраќајот ќе се одвива по ул. „Христо Татарчев“.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за трпение и разбирање додека траат градежните работи.
Истот така, поради изведување асфалтерски работи од утре во наредните 12 дена секој работен ден затворен за сообраќај ќе биде регионалниот пат од Чашка – Голозинци од 10 до 16 часот.
Во овој период регионалниот пат ќе биде отворен за сообраќај само во недела.