
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, оцени вво понеделникот дека САД се „ирелевантен окупатор во Сирија“ и повика на почитување на територијалниот интегритет на таа земја.
Изјавата на Зариф доаѓа откако САД започнаа да ги повлекуваат своите трупи од северо-источна Сирија, само неколку часа откако Белата куќа објави дека ќе го отвори патот за очекуваниот напад на Турција на територијата на која Анкара сака да воспостави „безбедносна зона“.
„САД се ирелевантен окупатор во Сирија – залудно е да се бара нивна дозвола или да се потпреме на нив за безбедност“, напиша Зариф на Twitter.
Додаде дека мирот и борбата против тероризмот во Сирија се остварливи само додека се почитува територијалниот интегритет на земјата и нејзините луѓе.