
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 изјави дека Зоран Заев сака јавно обвинителство кое ќе има за цел да се пресмета со опозицијата и со политички неистомисленици, а не обвинителство кое ќе гони висока корупција и ќе донеси правда во Република Македонија.
„Токму тоа е и целта на ВМРО-ДПМНЕ и преговарачкиот тим да се обединиме во правото правдината и владеењето на правото, а тоа подразбира безусловно почитување на Уставот и на законите во Република Македонија, нешто што не е цел на преговорачкиот тим на СДСМ, бидејќи нивната цел е да се злоупотреби власта, да се злоупотребат законите и Уставот и да се врши пресметка и притисок врз политичките неистомисленици“, вели Мицкоски.