Какво влијание има утринското кафе на организмот?

За многумина, утринското кафе е дел од секојдневна рутина. Не можат да си го замислат денот без овој пијалок.

Како вашето тело го перцепира кафето?

Откако ќе се разбудите наутро и ќе влезете во кујна за да го сварите првото утринско кафе, вашиот ендокрин систем го создава и ослободува допаминот познат како хормон на антиципативното задоволство.

Се чувствувате добро само од помислата дека ќе ја испиете првата шолја кафе.

Според списанието Journal of Social Science Information, варењето кафе или заминувањето во омиленото кафуле го поттикнуваат создавањето на допамин во вашиот организам.

Од друга страна, според списанието American Chemical Society, аромата на кафето е исклучително важна. „Кога ќе се разбудите и ќе помирисате кафе, веднаш се чувствувате подобро“, велат научниците.

Вашето тело го апсорбира кофеинот и потребни се само неколку минути за да дојде до мозокот. Кога ќе стигне до мозокот, се врзува за невроните кои го привлекуваат хормонот од кој ни се спие и затоа кафето е нашиот „будилник“.

Истражувањата, исто така, покажаа дека секоја наредна шолја кафе нема да има исто влијание како првото утринско.