Куќен притвор за заменичката на Боки 13

Судот определи куќен притвор за Јасна Мандиќ, осомничена за измама и перење пари во проширената истрага за „Рекет“, која се однесува за Меѓународниот сојуз Скопје.

Обвинителката Вилма Рускоска пред Кривичниот суд изјави дека е даден  налог за претрес кај три лица кои се опфатени за оваа истрага.

Таа бараше притвор само за Мандиќ, а за останатите само мерки на претпазливост.

Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“

Тие се сомничат дека преку невладината Меѓународен сојуз од бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски наплатиле 720 илјади, односно 260 илјади евра, измамувајќи ги дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата. Функционерот, заедно со првоосомничениот, наведе обвинителството во соопштението, присуствувал на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.