
Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија по триумфот синоќа над Словенија (2-1) во Скопје изрази задоволство и гордост од играта, како и од пожртвуваноста на своите фудбалери
– Момците одиграа феноменален натпревар. Се бореа и жртвуваа за националнот дрес, едноставно гинеа на теренот и најпрво сакам да им честитам, а потоа да им кажам дека сум многу горд, изјави Ангеловски по мечот.
Тој посочи дека сите во тимот веќе се фокусираат кон дуелот со Полска, кој е следен ривал на „црвено жолтите“ во квалификациите.
– Сега ни се зголемија шансите да ја исполниме целта. Концентриран сум само на Полска. Покажавме во Скопје дека можеме да се носиме со нив. Ќе одиме да играме фудбал и да освоиме бод и ако ни се укаже можност и три, заврши селекторот.
Мечот во Полска се игра во недела, 13 октомври.