Францускиот амбасадор Тимоние порачува дека важни се принципите

На една седмица пред носењето на одлуката дали Македонија ќе добие датум за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија, францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, во петокот изјави дека местото на земјава е во европското семејство, и додаде дека „датумите се едно нешто, но важни се принципите“.

„Ако постои нешто за што сме обединети сите европски претставници тоа е дека местото на РСМ по сите напори но и реформите ко итреба да бидат направени, е меѓу нас. Датумите се едно нешто, но важни се принципите и затоа чекориме напред“, рече Тимоние.

Македонските власти велат дека со внимание ги следат информациите кои доаѓаат од белгиската престолнина. Од Владата очекуваат дека Франција нема да биде пречка за влез на земјата во ЕУ и сметаат дека нема ниту една земја членка на Унијата или која е во преговарачка позиција која направила повеќе од македонија за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите.