
Пратеничката Фросина Ременски е соучесник во ова дело, но, тука не завршува и тука не завршува октоподот. Октоподот треба да заврши до главата и до главниот инспиратор и човекот кој што практично бил информиран за сето ова што се случило,но, тоа секако не е Фросина Ременски, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Макфакс.
Мицкоски изјави дека ќе остави на органите на прогонот да ја истераат истрагата до крај и да откријат кој е главата на октоподот кој давал наредби за спроведување на овој криминален скандал.
Ќе оставам на органите на прогонот до крај ама вистински докрај да ја истераат истрагата и вистински да допрат до вистинскиот виновник кој што е практично главата на октоподот, вели Мицкоски.