Пентагон бара да се смири ситуацијата на северот од Сирија пред да стене „непоправлива“

Во еден од најкритичките американски коментари во врска со воената операција на Турција во североисточна Сирија, американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, му рекоч на својот турски колега Хулуси Акар дека би требало да се смири ситуацијата пред таа да стане „непоправлива“, додавајќи дека оваа операција може да им наштети на американските војници во Сирија.

Турската војска ги засили воздушните и артилериските напади врз курдската милиција на североистокот од Сирија во петокот. Американскиот претседател Доналд Трамп по разговорите со турскиот челник Реџеп Тајип Ердоган повлече педесетина американски војници од ова подрачје кое ги нападна земја клучен сојузник во НАТО, поради што беше критикуван и од сопартијците.

„Министерот потврди дека ние го цениме нашиот билатерален стратешки однос, но со оваа акција Турција ризикува сериозни последици. Министерот Еспер ја уверуваше Турција да престане со операциите во североисточна Сирија за да ги зголеми шансите САД, Труција и нашите партнери да изнајдат заедничко решение за деескалација на ситуацијата пред таа да стане непоправлива“, се наведува во соопштението на Пентагон од петокот, во кое се наведуваат поединости од телефонскиот разговоро меѓу американскиот и турскиот министер за одбрана.

Еспер тврдел дека „некоординираните акции“ на Турција го загрозуваат напредокот постигнат во борбата против милитантите на Исламската држава. Според соопштението на Пентагон, Еспер и Акар разговарале во четвртокот, на вториот ден од почетокот на турската операција „Извор на мирот“.

Курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), е главната сили на арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF), кои се вооружувани и обучувани од САД и нивен главен сојузник во копнените операции против Исламската држава во северна Сирија. Но Анкара YPG ги смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која со децении води бунт против турската држава на југоистокот од земјата.

Турција наведува дека сака да создаде тампон зона по должина на 48- од 910 километри долгата граница со Сирија во длабочина од околу дваесетина километри во сириска територија, како одбрана од Курдите и за воспоставување „бебзедни зони“, каде што ќе може да се населат 3,6 милиони сириски бегалци сместен сега на турска територија.