Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Како што соопшти АМСМ, на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради изведување градежни активности при поставување индуктивни јамки на магистрален пат А2 Групчин – Тетово, вчера и денеска ќе има промена на режимот на сообраќај.