
На Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, вчера во 11 часот, на излез од РСМ, бил приведен A.Д.A.(31) од Бугарија поради постоење основи на сомнение дека патната исправа, како и возачката дозвола и личната карта биле фалсификувани.
А.Д.А. бил предаден на полициски службеници од РЦ Север за понатамошна постапка, информираат од МВР.