
Полицијата мора да се врати во раце на професионалците, посочува во фејсбук статус Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи ги за пример нерешените случаи со двојното убиство на „Партизанска“ минатата година, како и убиството на младиот фудбалер чиј убиец е во бегство.
„Кој, кого и зошто штити?!
Пред десет дена помина цела година откако на „Партизанска” брутално беа изрешетани две лица, а третото беше повредено.
Милион шпекулации кружеа во јавноста за мотивите за оваа крвава пресметка, а сѐ уште се зборува дека бандите од скопско Грчец и Арачиново решиле да го земат законот во свои раце и да делат правда наместо тоа да го прави МВР.
Набргу ќе измине и втората година од убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој беше брутално изрешетан на сред улица, а сторителите си заминаа непречено.
Каде се во целата приказна МВР и Оливер Спасовски?
Има ли некој што одговара за овие ликвидации?
Дали некому се суди и дали некој е испратен во затвор?
НЕ !
Еден скандал се покрива со друг. МВР стои на страна. Правдата е оставена на криминалците.
Спасовски со неделувањето станува заштитник на криминалот.
Затоа треба да си одат. На нашите граѓани им треба мир и безбедност која ќе им ја гарантираат институциите.
Полицијата мора да се врати во раце на професионалците.
На МАКЕДОНИЈА и треба обнова !!!“, напиша Ѓорѓиевски.