
Во општина Аеродром во тек е есенска дератизација за уништување на глодари. Акцијата се спроведува во соработка со Центарот за јавно здравје, а ќе бидат опфатени 3.000 шахти и поставени 9.000 мамци.
Дератизацијата, како што информираа денеска од Општина Аеродром, е почната од минатата недела и ќе трае во следните три недели.
Со дератизацијата ќе бидат опфатени и сите основни училишта и градинки на територија на општината.