
Лицата треба да ги исполнуваат следните критериуми: да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни;со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност; да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки; да имаат искуство во работата на законодавната, извршната или судската власт; да има најмалку 5 години работно искуство во работа и соработка со невладини организации од земјата и странство, од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Македонија и евроатлантски интеграции, да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).