
Турските вооружени сили убиле 550 терористи во текот на операциите „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана.
– Операцијата успешно продолжува источно од Еуфрат. Неутрализирани се 550 терористи од Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот, наведува турското Министерство.
Турција на 9 октомври започна воена интервенција, под името „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија со воздушни напади врз позиции на курдските бунтовници.