-0.2 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Мицкоски смета дека граѓаните заслужуваат чист датум за старт на преговори со ЕУ

„Очекуваме, тоа што цело време го зборуваме, да добиеме чист датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Иако ќе кажам оваа Влада најмалку тоа го заслужува, сепак граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат. Сѐ што е надвор од тоа, да биде чист датум за отпочнување на преговори, ќе биде неуспех за оваа Влада и голем неуспех и делегитимирање за политиките на Зоран Заев и коалицијата што ја предводи“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде дека биле свесни оти некои политики нема да наидат на одобрување на јавноста имајќи ги во предвид на погрешните политики кои ги води оваа Влада.

-Голем дел од јавноста очекуваше можеби и поагресивно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум свесен за сето тоа. Но, во тој момент државниот интерес и она кое што се вели европреспектива за сите граѓани во Република Македонија за нас беше врвен приоритет. Како што гледате денеска, ден спроти последниот ден кога ќе се одлучува за тоа дали Македонија ќе добие чиста препорака, нема да добие воопшто препорака или некое меѓу решение, ВМРО-ДПМНЕ е резервирано. Апелираме да се добие чист датум за отпочнување на преговори со Европската унија и сѐ што е, ќе повторам, надвор од чистиот датум, ќе претставува целосно делегитимирање на овие камиказа арамиски политики на Заев. Очекуваме во најскоро време формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори“, потенцираше Мицкоски.