Мицотакис предупредува на нов мигрантски бран во Европа

Европа мора да се подготви за нов бран од мигранти и бегалци, предупреди во средата грчкиот премиер Јоргос Мицотакис во разговорот во пресрет на состаникот на Европскиот совет алудирајќи на турската воена операција во Сирија, пренесува AFP.

Сто дена по стапувањето на должноста, премиерот Јоргос Мицотакис, чишат земја годинава стана главен влез на мигрантите во Европа, им се обрати во средата на земјите од Европската унија кои одбиваат да прифатат мигрантите.

„Мора да има последици за оние коишто не сакаат да учествуваат во оваа задача на европската солидарност“, рече грчкиот конзервативен премиер.

Претходно пред грчкиот парламент Мицотакис предупреди дека ќе бара „специфични санкции“ за тие земји, но не наведе кои.

Со повеќе од 70.000 баратели на азил во Грција, од кои близу 33.000 на островите во Егејското Море близи турскиот брег, Мицотакис оцени дека се „неприфатливи пристапите на неколку земји членки на ЕУ кои сметаат дека тоа не е нивен проблем“.

„Имаме меѓу 3.000 и 4.000 малолетници без придружба во Грција, па европските земји би требало да преземат дел од товарот“, вели Мицотакис за AFP.

Во текот на првиот состанок на Европскиот совет во четврток и петокот, кој е челник на десничарската Нова демократија, кој во јуни го смени левичарскиот премиер Алексис Ципрас, вети дека ќе го постави неизбежното прашање за поделба на мигрантите и истакна дека Грција не може самата да го носи овој товар.

„соочени сме со проблем со големи размери само според бројот на мигрантите кои ги минале Егејското Море и доколку го споредиме со податоците од минатото лето“, додава грчкиот премиер.

Во 2019 година повеќе од 46.000 мигранти пристигнале во Грција, според податоците на меѓународниот комесаријат за бегалци, повеќе отколку вкупно во Шпанија, Италија, Малта и Кипар.

Иако оваа бројка е далеку од над милион бегалци во 2015 година, овој прилив ги поставува профаќањето на мигрантите во Грција. Камповите на егејските острови се пренатрупани и не можат да поднесат евентуален нов бран предизвикан од воената интервенција на Турција во соседна Сирија. Мицотакис остро ја осудива турската офанзива, бидејќи според него предизвикува нова нестабилноста која ќе предизвика нова миграциски притисок во Европа.