
„Поради големиот интерес што последните денови владее ширум нашата држава, а е поврзан со акцијата и теренските активности што ги води ВМРО-ДПМНЕ, тоа се разговорите за обнова на Македонија, од денеска започнуваме уште две нови активности“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Кисела Вода.
„Почнувајќи од следниот викенд, секој ден, штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушани, пречекани од страна на активистите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе ги сослушаат граѓаните и нивните проблеми од секојдневниот живот. Досега повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ, директно или индиректно. Очекуваме уште поголема бројка, а нашите решенија ќе бидат групирани и содржани во нашата предизборна програма и кампања“, рече Мицкоски.