Прилепчани разговараа за проблемите во штабот на ВМРО ДПМНЕ

„Прилепчани вечерва во огромен број дојдоа во штабот на ВМРО ДПМНЕ, поразговарав со голем број на граѓани. Ми кажаа голем број на проблеми, но и нивни погледи за решенија. Сите проблеми се сведуваат на еден најголем – кога ќе си одат овие ( СДСМ ), не уништија, државата ја сотреа, економијата ни тоне, постарите ми велат децата ни избегаа, и ние да бевме помлади и ние ќе си одевме. Ако не ги смените бргу државата оди во неповрат децидни се граѓаните. Јас ја сакам Македонија, ја сакаат и тие.
Сакаме на нашите деца да оставиме Македонија каква што ја познававме, а не руинирана држава, и затоа со сите сили од денес до предвремените парламентарни избори.
Време е за “ Обнова на Македонија” напиша, Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО ДМНЕ, на својот фејсбук профил.