
Лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж на Твитер изјави дека договорот на британскиот премиер Борис Џонсон со Брисел треба да биде отфрлен.
– Посветеноста, според овој договор, за синхронизирање на регулативите значи дека „новиот договор“ не е Брегзит, и покрај подобрите решенија за Царинската унија, напиша Фараж.
И во интервју за Би-Би-Си, тој предвидува дека за Џонсон ќе биде „многу тешко“ да ја убеди северноирската Демократска унионистичка партија да го поддржи договорот.