
Легендарниот играч од средниот ред на Англија, Пол Гаскоњ е ослободен од обвиненијата за сексуално вознемирување, пренесува „Скај Спортс“.
Случајот против Гаскоњ е покренат откако на 20.08.2018 година, во алкохилизирана состојба, започнал да вознемирува девојка а потоа насилно ја бакнал во усните.
Гаскоњ како фудбалер ги бранеше боите на Њукасл, Тотенхем, Лацио, Глазгов Ренџерс и други.
Тој ја заврши кариерата во 2004 година.