Македонија нема единствен безбедносно–разузнавачки систем

Службите за безбедност се уште не функционираат во единствен безбедносно разузнавачки систем, иако правната рамка која ја регулира нивната работа е на сила. Владата како на трчање да ги носи законите за реформа на овие служби, па како се да се сведува на формирање институции колку да ги има.

Меѓународната полициска асоцијација ги поздравува реформите конкретно формирањето на АНБ, која Македонија мораше да ја направи, под притисок на ЕУ, но голема сенка на новата агенција фрли аферата за наводен непотизам во истата која е предмет на истрага на антикорупционерите.

Регионот иако направи голем исчекор во сферата на безбедносните служби сепак треба уште многу да се работа, посочи Младен Накиќ, потпретседател на атлантскиот совет на Хрватска.

Реформите на безбедносните служби денеска беа тема на дебата на меѓународната конференција што се одржа на Европскиот универзитет во Скопје.