
Пратеникот од опозициската британска Лабуристичка партија, Џон Ман, ќе гласа за договорот за раздружување со Европската унија, кој го договори конзервативецот перемир Борис Џонсон, и очекува дека повеќе од девет негови сопартијци во парламентот ќе го сторат истото, изјави во петокот.
Џонсон во саботата го очекува судбоносниот ден во парламентот откако во четвртокот во последен момент со Брисел постигна договор за излегувањето на Обединетото Кралстство од Европската унија, на кој се противат неовите северноирски коалициски партинери од Демократската унионистичка партија (DUP) и опозициските партии, предводени од лабуристите.
„Јас ќе гласам за него, тоа е договор кој е договорен со Европската унија, двостран договор и јас со тоа сум задоволен“, реле Ман за ирската јавна телевизија RTE.
Запрашан колку лабуристички пратеници, исто така, ќе го поддржат договрот на Џонсон, тој одговори „Повеќе од девет…. Не знам колку, бидејќи различни притисоци се во игра, но ќе биде двоцифрена бројка“.
Претходно во четвртокот Демократска унионистичка партија (DUP), која е клучна за поддршката на Конзервативната партија во парламентот, објави дека нема да ги поддржи предлозите и дека покрај решението за ирската граница, за нив е спорно и прашањето на ДДВ-то.
Поддршката на DUP, која во парламентот ѝ овозможува на Конзервативната партија мнозинство во британскиот парламент, е пресудна, бидејќи некои поборници на брегзитот од северноирската партија најавуваат дека ќе ги следат ставовите на партијата по прашањето на најтешкиот дел од договорот на владата на Борис Џонсон и ЕУ – ирската граница. Џонсон нема мнозинство во парламентот кој има 650 мандати, а за ратификација на договорот ќе му бидат неопходни 320 гласови. Северноирската DUP може да му овозможи десет гласови.