
Управата на германската компанија Фолксваген размислува да ја продаде марката Ламборџини – италијанска компанија што сега е дел од нивниот конгломерат.
Според неофицијални извори, се подготвува голема реконструкција на компанијата. Една од опциите е Шкода, што, исто така, е во сопственост на Фолксваген, да почне производство на поевтини автомобили, бидејќи тие во мигов се многу блиску до моделите на германскиот бренд.
Гласините говорат и за поголемо внимание кон шпански Сеат и негова експанзија наредниве неколку години.