
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздравува секој напор со цел деескалација на ситуацијата во североисточна Сирија и заштита на цивилите, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.
Во соопштението се додава дека Гутереш сфаѓќа оти патот до ефикасно решение за кризата во Сирија сè уште е долг.
Според Дижарик, Гутереш бил брифиран за разговорот меѓу американскиот потпретседател Мајк Пенс и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој доведе до петдневен прекин на огнот.