
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ рече дека не e среќен што Македонија не доби датум за преговори, но дека ова е ден во кој што мораме да бараме решение за да одиме понатаму.
„Ние политичарите не треба да бидеме емотивни, за разлика од граѓаните кои се емотивни по прашањето за недобивање датум. СДСМ се занимаваат со нас, тврдејќи дека ни е мило и дека се радуваме за недобивањето датум, а не е така. ВМРО ДПМНЕ е токму таа што беше пофалена од надвор, за нашата конструктивност и соработка. Сега сакаат да не покажат дека ние се ситиме на недобивањето датум“, Николоски.
Тој ја обвини Владата дека намерно ги забавиле реформите за да влезат во иста група со Албанија што е голема грешка за негативниот одговор од ЕУ.
„Македонија изгуби година и половина, бидејќи владата не спроведува реформи. Таа прави се, освен реформи, поради што ова е тотален дебакл на политиките на Зоран Заев. Нас куртоазни изјави од типот дека сме испорачале реформи, но дека ЕУ не сака да се проширува, не ни помагаат. Факт е дека државата не оди напред и нема реформи. Земјава да испорачаше реформи, ќе добиевме датум “, рече Николоски.
Николоски воедно смета дека е голема грешка што нашата земја била во група со Албанија.