
Авионот што денеска слета на скопскиот аеродром, предизвика голем интерес кај јавноста, заради неговиот невообичаен изглед.
Од ТАВ Македонија, појаснија дека станува збор за авион од типот на лесни (мали) авиони, кои се категоризираат во т.н. генерална авијација.
„Различни мали авиони слетуваат секој ден на Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој тип на авион е интересна глетка за авијациската публика и поради тоа ги споделивме фотографиите на нашите страници на социјалните мрежи. Како аеродромски оператор немаме информација за сопственикот, ниту пак за причината за патувањето”, посочија од ТАВ.