
Градењето на северната делница од руско-кинескиот гасовод Моќта на Сибир или позната и како Источна рута, преку кој во Кина од Русија би требало да потечат 38 милијарди кубни меетри природен гас годишно, довршена е оваа седмица во кинеската провинција Џилин.
Северната делница се протега од градот Хеихе во провинцијата Хелонгџианг до округот Чанглинг во провинцијата Џилин и е долга 1.067 километри.
Проектот во Кина постави неколку рекорди, вклучително и за цевки со најголем дијаметар, највисок квалитет на челикот и способност за притисок, како и потполна автоматска постапка за заварување по должината на целата траса.
Кинескиот дел од гасоводот Источна рута вкупно е долга 3.371 километар. Започнува во Хеихе, а завршува во Шангај. Градењето започна во јуни 2015 година, а завршувањето се планира за 2020 година.
Рускиот дел од гасоводот е долг речиси 4.000 километри и ќе ги поврзува гасните полиња во Сибир со руското пацифичко пристиниште Владивосток.
Ставнува збор за гигантски гасовод преку кој може да се испорачуваат до 61 милијарди кубни метри гас годишно. Но, какви промени во светската енергетска рамнотежа е нејзиниот пат: гасоводот ќе може да ги обедини двете главни мрежи на руски и западни гасоводи меѓу нив.
Источна рута, назив дадено на проектот, е еден од главните проекти меѓу Русија и Кина. Гасоводот може да ѝ помогне на Русија да стане еден од најголемите снабдувачи со природен гас во Кина со зголемена побарувачка во земјата.
Испораките треба да започнат на крајот на 2019. За договорот за Источната рута беше потребно десетгодишно преговарање и дури во јули 2014 година рускиот енергетски гигант „Газпром” и кинеската национална нафтена корпорација CNPC потпишаа договор за започнување на испораките на гас по трасата.
Москва и Пекинг планираат да изградат уште еден гасовод: Моќта на Сибир 2 или Западна рута, кој ќе снабдува други 30 милијарди кубни метри природен гас од Русија до Кина. Според предвидувањата направени од страна на Алексеј Милер, шеф на „Газпром“, зголемената потрошувачка на гас во Кина, која во 2016-та надмина 200 милијарди кубни метри, наскоро ќе достигне 300 милијарди кубни метри.