
Раководството на Јувентус е подготвено да им понуди нови договори на Пауло Дибала и Гонзало Игуаин, по одличните игри на стартот од сезоната.
Двајцата Аргентинци се препородија со доаѓањето на Маурицио Сари, кој има многу повеќе доверба во двајцата. Лани Игуаин беше позајмен прво во Милан, па во Челси, додека Дибала најчесто ја грееше клупата.
И сезонава можеби не се најстандардни, но имаат огромно влијание во играта и особено во резултатите на тимот. Кога и да се појават на теренот, тие ја прават разликата и најчесто ги решаваат натпреварите, како во случајот со Игуаин, кој го постигна победничкиот гол на дербито против Интер на „Џузепе Меаца“