Џејн Фонда ќе протестира секој петок против загадувањето

Холивудската актерка Џејн Фонда (82), изјави дека е инспирирана од активизмот на шведската тинејџерка Грета Тунберг, во борбата за зачувување на природата и затоа одлучила да се врати на граѓанската непослушност на која била верна во младоста.

Таа изјавила дека планира, речиси половина век откако за првпат била уапсена кога пред Капитол во Вашингтон демонстрирала против војната во Виетнам, да биде апсена секој петок, кога ќе се бори на протестите за намалување на употребата на фосилните горива.

Фонда, која во петокот, како и минатиот, е уапсена за протестите против климатските промени во Вашингтон, додала дека очекува на тој начин да се охрабрат многу други постари личности да се активираат во борбата за зачувување на климата.