
Фудбалерите на Барселона барем на неколку часа го преземаа врвото во шпанското првенство откако во саботата на гости кај Еубар славеа со 3:0.
Барселона во првото полувреме во водство ја донесе Антоан Гризман со погодокот во 13 минута, а меѓу стрелците во второто полувреме се запишаа и Лионел Меси во 58 и Луис Суарез во 66 минута.
Барселона сега има 19 бодови, еден повеќе со меч повеќе од второпласираниот Реал Мадрид кој вечерва во 21 часот гостува кај Мајорка, а адва повеќе од Гранда која во петокот вечерта ја совлада Осасуна со 1:0. Еибар е 14-ти со девет бодови.