Лидерите го поддржаа Мицкоски дека треба да се реагира на бугарската декларација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерската средба што се одржува кај претседателот Стево Пендаровски, побарал од присутните лидери на партии да се реагира на бугарските уцени и барања за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, во декларацијата што ја донесе бугарската влада, а во која се посочени серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ. Во истата се наведува и дека : Не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“.

Начелно на тоа се согласиле и останатите лидери.

Инаку, во декларацијата се наведуваат серија услови и закани за блокада на Македонија на патот кон ЕУ, повеќе од 20 услови кои Македонија ќе мора да ги исполни за да стане членка на ЕУ, кои задираат во историјата и идентитетот на државата и граѓаните.

Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа”, а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам.”