Србија инкасира 15 милиони евра годишно од кинески туристи

Кинезите престојуваат насекаде – хотели, хостели, но и во приватни сместувања. Прашање е само како да се привлечат, а одговорот е во умешноста со технологијата, видливоста на интернетот како и препораките. Поголемиот дел од кинеските туристи во Србија сместување бараат електронски, преку букинг.

– Не станува збор за гости кои бараат премногу. Излегуваат рано, а се враќаат доцна. По цел се надвор. Така што хотелите најмногу заработуваат од нивното сместување, а многу помалку од хотелската храна и услугите како спа центар, базени и масажи. Кинезите најчесто се хранат во ресторани по препораки на своите сонародници кои веќе биле во Србија. Најчесто ја јадат нашата храна – сирење, кајмак, пршута и качамак – изјавил еден хотелиер за Блиц.рс.

Уште еден начин на кој Србите заработуваат од кинеските туристи се организирањето на најразлични тури и посети. Кинезите сакаат да шетаат, да посетуваат и гледаат објекти, како и да сликаат.

– Многу често и не прашуваат за цената, туку го земаат она што ќе им се допадне од штандот. Најчесто тоа се рачно насликани чашки за ракија, кукли во народни носии, капчиња на кои пишува Србија, но и магнети кои купуваат како подароци – раскажува продавачка од Калемегдан.